Бугарија забранува увоз на возила со Еуро 4 – можно ограничено движење во Софија и Пловдив

ОБЈАВЕНО НА:

Голем дел од увезените автомобили во Македонија доаѓаат од Бугарија. Таму истите стигнуваат од ЕУ, а се со Еуро 4 стандард. Но, нашиот источен сосед сериозно размилсува да го забрани увозот на овие возила во иднина. Меѓу мерките за кои се разговара е и ограничување на движењето на старите возила во центарот на Софија и Пловдив.

Во моментов ова е предлог за кој ќе се расправа, и ако биде усвоен истиот би стапил на сила во 2021 година. Со оглед на оваа најава можно е брзо да им апрелвање на овие половни возила во други земји, како на пример кај нас со што соседите би се ослободиле од она што во моментов се смета за старо возило што сериозно загадува.

Меѓу мерките што се заговаар во Бугарија е и субвенционирање за купување на нови возила, и се заговара граничување на пристапот на постарите автомобили до центрите на градовите. Тоа ќе биде можно со воведување на зелени зони во градовите, прво во Софија и во Пловдив. Забраната за движење во градовите ќе важи за автомобили со еуро 1.

Бугарија има најстар возен парк во Европската Унија. Просечната возраст на бугарските автомобили е околу 19 години во споредба со 11 години во ЕУ. Од 3,66 милиони возила, над 65 отсто се постари од 15 години (38 отсто се над 20 години). Бугарија и Естонија се единствените земји во ЕУ во кои пораснала продажбата на половни дизел-автомобили.

Во споредба со некои од земјите во регионот, Романија одамна го ограничи увозот на користени автомобили под евро 4. Од почетокот на годинава, Албанија го забрани увозот на автомобили постари од 10 години. Од 2014 година, Азербејџан воведе граница за увоз на употребувани автомобили до еуро 4 стандард, а од 1 јуни годинава во Босна и Херцеговина ограничувањето е до еуро 5.

Во Македонија на сила е закон според кој возилата што се увезуваат треба да исполнуваат Еуо 4 стандарди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK