Од следната година во Бугарија се воведуваат електронски вињетки, кои сепак нема да ги заменат сегашните хартиени. Напротив со електронските би требало да се олесни нивното купување.
Во интервју за bTV регионалниот министер Николај Нанков објаснил дека електронските вињети ќе се купуваат од 1 јануари следната година, и ќе може се купат на бензински пумпи, преку интернет и со мобилна апликација.
Ќе се воведе и викенд вињета, која ќе важи од петокот вечер до неделата вечер. Цената се уште не е дефинирана, но ќе биде околу 10 лева.
Електронските вињетки ќе останат со иста важност и ќе се издаваат за една година, три месеци, еден месец или за седум дена. Во моментов вињетка за седум дена за патнички автомобили во Бугарија изнесува 8 евра.
Сепак Бугарија работи на воведување на патарина наместо вињетки бидејќи приходите од наплата на вињетки е околу 16 милиони евра годишно, а со воведување на патарина таа сума би се зголемила. особено големо зголемување на приходите се очекува од наплата на камионите.