Жител на Бугарија со име Теодосиј Теодосиев го претстави првиот бугарски електричен спортски автомобил, а неговото име е Kinetik 07. Во моментов тој претставува предсериски прототип, а дизајнот на спортскиот автомобил исто така е бугарски и е дело на Костадин Костадинов.
За создавањето на Kinеtik 07 Бугарите искористиле база од Саtеrhаm. Идејата им била на оваа платформа да прават различни автомобили, индивидуализирани по желба на клиентот. Основната верзија е со моќност од 644 коњски сили, а максималниот вртежен момент ќе биде 800 Нм.
Aeрoдинaмичниот облик, лесната каросерија и моќноста го прават возможно забрзуањето на автомобилот од 0 дo 100 км/ч зa 2,7 ceкунди. Создавачите на првиот електричен спортски автомобил се надеваат дека со тек на времето ќе ги подобрат техничките и динамичните карктеристики на автомобилот.
Од тоа, кое било презентирано како информација за време на премиерата е интересно уште дека големиот дел од софтверот на автомобилот (над 90%) е направен од екипа на компанијата Kinеtik Аutоmоtivе. Приближно истиот процент се и новите компоненти и агрегати, кои се користени при развојот на електромобилот.
Каросеријата на првиот бугарски електричен спортски автомобил се печати на 3D принтeр, кој според создавачите дозволува доста скратени рокови за изработка во рамки на само неколку дена.
Првично се очекува возилото да биде продено во САД бидејќи таму е поднесено барање за издавање на сертификат на малкусериски производител.