„Брзи и бесни 9“ започнува да се снима следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Добра вест за вљубениците на адреналинот и филмскиот серијал “Брзи и бесни”. Според официјално потврдени информации, деветиот во низата филмови од серијалот “Брзи и бесни” ќе започне да се снима следната година.

Атланта, 20 април 2019 е точното место и датум на официјалниот почеток на снимањето, а директор ќе биде Џастин Лин, човекот кој стои зад дури четири филмови од овој серијал.

Продуцискиот тим е составен од Нил Мориц, човекот кој учествува во сите досегашни филмови од овој серијал, а тука се и Вин Дизел, Мајкл Фотрел и Крис Морган кој ќе го има своето деби во овој серијал како продуцент.

Инаку за прв пат овој филм дебитираше на 22 јуни 2001 година кога под продуцентската палка на Нил Мориц доживеа вистински успех. Токму благодарение на популарноста точно по две години се појави вториот филм под франшизата на “The Fast and the Furious”, а иако воопшто не е почнато со снимањето на деветиот филм, познат е и датумот на премиерата на десеттиот. Така според потврдени информации, овој дел ќе се појави на 2 април 2021 година.

Премиерата на овој, деветти во низата филм е веќе закажана за 10 април 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK