Не само полицијата, во Дубаи брза е и брзата помош. И секако, не оваа помош секогаш треба да е брза, но во Дубаи е далеку најбрза, барем споредено со останатиот дел од светот.
За тоа да е така, здравствениот систем набави два супер автомобили – Nissan GT-R и Chevrolet Corvette C7.
Овие автомобили здравствените работници ќе ги користат за патролирање во туристичките зони, ќе се користат и за промоција, а само во неопходни случаи овие автомобили ќе се користат за брза интервенција.
Во Дубаи како и во останатите градови во ОАЕ, веќе неколку години наназад, полицијата и останатите јавни институции инвестираат во супер спортски автомобили. Така низ улиците на Дубаи можете да сретнете полициски патроли со Aston Martin One-77, Porsche 918 Spider, Ferrari FF, McLaren 12C…