Производителот на акумулатори за автомобили од Америка, DiеHаrd го најми познатиот актер и главна ѕвезда од „Умри машки“, Брус Вилис за новата рекламна кампања. Првото видео беше снимено како трејлер за филм од серијата и пресоздава познати сцени од Џон Меклејн како се движи низ вентилација со акумулатор.
Во улогата од „Умри машки“ се враќа не само Брус Вилис туку и Кларенс Гилард (компјутерскиот специјалист на лошите од првата епизода) и Девероу Вајт, возачот на лимузината Linсоln Tоwn Саr oд 1986 година
Интересен е фактот од историјата на ова снимањето на филмот. Вилис го купува автомобилот од првиот дел после заршувањето со снимањето за лична потреба.
https://youtu.be/8rn_ploeEK4
Првата епизода од „Умри машки“ излегува на екраните во 1988 година. Следуваа уште четири продолженија. Се зборува и за можнос нимањето на шестиот дел, а во него Меклејн (Брус Вилис), би требало најверојатно да се пензионира.