Бројките во втор план: BMW сака да биде лидер во полето на автономност и поврзување

ОБЈАВЕНО НА:

Германски BMW сака да биде лидер во индустријата во однос на автономноста и технологијата на поврзување, отколку да постигнува продажни бројки.
Според извршниот шеф Харалд Кругер, BMW мора да го води брзиот развој на автомобилската индустрија и мора да се наметне како привлечен работодавач за да ги има најдобрите луѓе кои ќе ја предводат технологијата.

Компанијата нема да се фокусира целосно само на електрификацијата во иднина, туку ќе посвети внимание на понатамошен развој на горивните келии на возилата.
„Заедно со Toyota работиме на новата генерација на возила на горивни келии. Лани пуштивме во употреба мала флота на тестни возила базирана на серија 5 Gran Turismo. Во 2021 година планираме нова мала серија на следниот чекор од развојот на технологијата на горивни келии, изјави Кругер.

Минатата недела BMW објави дека го засилува партнерството во развој на автономни возила со Delphi како нивен надворешен соработник, заедно со Intel и Mobileye. Според Кругер тоа ќе го засили развојот на автономната технологија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK