Агенцијата JATO Dynamics објави рекордни бројки од продажбата на возилата во последните десет години за месецот април. Тие велат дека се продадени вкупно 1,34 милиони возила што е пораст за девет проценти.
Веќе е познато и како се движела продажбата по брендови, а на врвот е Volkswagen so 161.885 продадени возила и +19 проценти зголемување. Следуваат Renault со 94.352 возила (+3%), Ford 88.783 (+11%), Peugeot (85.830, +14%), Mercedes (73.105, 0%), Opel/Vauxhall (71.830, +1%), Audi (69.068, -1%), Skoda (62.704, +10%), BMW (61.709, -3%) и FIAT (60.244, -8%).
Секој модел во Топ 10 на најпродаваните возила во Европа во април има подобрување во побарувачката од страна на клиентите. Во однос на моделите кои биле најмногу продавани на врвот се Volkswagen Golf со 39.356 автомобили (+13%), Renault Clio со 27.322 (+3%) и VW Polo со 26.339 (+6%). Во топ десет имаше место и за Ford Fiesta (23.774, +32%), Peugeot 208 (20.815, +6%), VW Tiguan (20.003, +1%), Dacia Sandero (19.223, +20%), Renault Captur (18.694, +14%), Skoda Octavia (18.616, +7%) и Ford Focus (18.560, +19%).
Бумот на продажба на СУВ моделите продолжил и во текот на минатиот месец, а од JATO Dynamics покажуваат бројки кои велат дека во однос на април 2015 година е направен голем скок. За разлика од 21,4 проценти тогаш сега е направен скок до 33,3 проценти.