Брмчи кога се подига – лаптопот на Mercedes Benz и Sony

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте голем фан на Mercedes-Benz, можеби чувствувате дека во домашната колекција недостига и добар лаптоп брендиран со сребрената трикрака ѕвезда. Сега и тоа е достапно. Ултра ограничената едиција на VAIO Z notebook е производ добиен од соработката меѓу Mercedes-Benz и Sony.

Двајцата гиганти се здружија да креираат единствен компјутер, кој во себе има вклучено повеќе дизајнерски симболи од автопроизводителот, меѓу кои и слика од Vision Tokyo концептот или класичен 300Sl како позадина на екранот, како и неколку трикраки ѕвезди. Производот се издвојува по тоа што на секое вклучување ќе чуете и брмчење од мотор, иако нема информации од кој модел на авторпоуизводителот е позјамен звукот.

Стандардниот ноутбук под поклопецот крие 8GB RAM, 256 GB SSD хард диск, Intel i7 процесор и Windows 10, а постои и i5 верзија.

Ексклузивниот производ доаѓа и со две значајни ограничувања – ќе се продава исклучиво на пазарот во Јапонија, и ќе се произведат само 100 примероци.

Помоќната i7 верзија ќе се продава за околу 2500 долари, додека повтината i5 варијанта ќе чини околу 2230 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK