Британците после Брегзит – поскапеа возилата на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

По Брегзит, многу проблеми се појавуваат за Британците, а последниот е зголемувањето на цената на моделите на Tesla.
Обвинувајќи го флуктуирачкиот пазар на пари, но пред сѐ поради Брегзит, Tesla Motors реши да ги зголеми цените за 5 отсто на своите модели за В.Британија, најголемиот пазар во Европа на возила со управувач од десната страна.

Според официјалните информации новите цени ќе почнат да се применуваат од 1 јануари 2017. За да се добие возило по „стара цена“ потребно е до крајот на годината да се остави депозит, за да се направи нарачката.

Според новите пресметки најевтиниот модел tesla Model S ќе чини 2.950 фунти повеќе, а ќе се продава од 61.845 фунти, а базичниот модел Model X 75D ќе има почетна цена од 86.100 фунти, односно 4.100 фунти поскапо. Во Британија моделот Model X P100D ќе чини 135.135 фунти, односно за 6.435 фунти повеќе.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK