Владата на Белгија размислува да им забрани влез на мотоциклите во некои реони на Брисел поради гасови и фини честички што секоја година се појавуваат над градот. Реоните во кои ќе биде воведена забраната ќе се определуваат на база на податоци од истражувањето на агенцијата Brussels Environment, според која мотоциклите е повеќе еколошки отколку автомобилите.
Во оваа фаза сè уште не е јасно кое ќе биде конечното решение на властите во главниот град на Белгија, како и дали при решението ќе се земе предвид фактот дека моторот на мотоциклите работи многу помалку време од тој на автомобилите, со оглед на тоа што тие цело време се во движење и не се задржуваат во место.
Податоците на Brussels Environment не се единствените кои докажуаат дека мотоциклите го загадуваат сообраќајот повеќе од автомобилите. Друго истражување, спроведено во Франција, покажа дека мотоциклите исфрлуваат 11 пати повеќе јаглерод диоксид и шестпати повеќе азот диоксид од автомобилите.
Причината за тоа е дека новите автомобили повеќе одговараат од стандардите на Евро-6, додека моторите со внатрешно согорување на возилата со две тркала ќе биде потребно да се префрлат на Евро 5 во текот на следната година.