Брегзит прави проблеми: VW ги зголемува залихите на возила во В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

На 31 октомври годинава Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија, а тоа ќе биде повеќе од стресен период за сите компании присутни на овој пазар. Се чини најтешко ќе биде за автомобилската индустрија која веќе најави одредени рестрикции како што се намалување на производството, затворање на погони, отпуштање на работници и привремено стопирање на производството.

Во низата производители кои земаат соодветни мерки е и Volkswagen кој овој период го искористува за зголемување на залихата на нови автомобили во Велика Британија.

Причината за овој потег на германскиот производител се огледа во можноста да по излегувањето од ЕУ бидат воведени значителни извозни и/или увозни тарифи со што би се зголемиле трошоците за извоз во Велика Британија.

За очекување е и останатите производители кои не оперираат со фабрики во Велика Британија да направат вакви чекори.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK