Brabus ќе покаже пикап со 800 коњски сили (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Експертите во областа на доработката на атомобили од понудата на Mercedes-Benz- Brabus, објавија дека наскоро ќе го претстават офроуд чудовиштето 800 Adventure XLP. Требаше тоа да се случи за време на саемот во Женева, но сега ќе биде на некој друг настан, бидејќи саемот во Женева е откажан.

Од Brabus споделуаат дека пикапот 800 Adventure XLP, развиен на база на Mercedes-AMG G 63 е создаден со идејата за врвно претставување надвор од патот, но се нуди и најдоброто во однос на внатпрешниот луксуз, кој е тјунинг компанијата може да го понуди во моментов.

За однесувањето на патот на 800 Adventure XLP од Brabus сметаат на целосно новата и развиена од компаниајта суспензија, која исто така го зголемува растојанието на автомобилот од патот до 49 сантиметри.

Погонот на Brabus 800 Adventure XLP е доверено на четирилитарски V-образен осумцилиндричен мотор, кој е доработен од компанијата со интегрирањето на пакетот Brabus 800 PowerXtra +, што ја зголемува максималната можост до импресивни 800 коњски сили, а максималниот вртежен момент е 1000 Hм. Вo комбинација со 22-инчните алуминиумски бандажи, импресивниот пикап е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 4,8 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена до 210 км/ч.

Интересна карактеристика на проектот 800 Adventure XLP на Brabus е специјално развиената платформа за следување и полетување на дронот Wingcopter во товарниот простор. Самиот дрон е во состојба да развие максимална брзина до 240 км/ч, но и да транспортира товар на дистанца до 120 километри.

Основната верзија на офроуд пикапот на Brabus – 700 Adventure XLP е оценета од компанијата на 389.831 евра, а Brabus 800 Adventure XLP во специјално издание First Edition на 575.630 евра. Во комбинација со Wingcopter, автомобилот чини 666.386 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK