Специјалистот за доработка на Mercedes Benz автомобилиte – BRABUS, најави дека на меѓународниот саем во Франкфурт што почнува за десет дена за првпат на јавноста ќе и го покаже ROCKET 900 Cabrio. Тоа ќе биде најмоќниот кабриолет на светот што ќе може да развие брзина од 350 км/ч.
Новиот проект на тунинг компанијата е развиен врз основа на моделот Mercedes S 65. Како резултат на учеството на компанијата во „дотерувањето“ на возилото се добива најмоќниот и најбрз кабриолет со четири седишта во светот.
Суперспорскиот луксузен Brabus Rocket 900 Cabrio е опремен со 6.3 литарски V мотор, со 12 цилиндричен твин турбо што е во состојба да генерира максимална моќност од 900 КС и максимален вртежен момент од 1500 Нм (електронски ограничен на 1200 Нм) . Автомобилот е во состојба да се забрза од 0 до 100 км/ч. за 3.9 секунди и да развие максимална брзина на движење од над 350 км/ч.
Заедно со мноштвото технолошки подобрувања, Brabus Rocket 900 Cabrio се одликува со специјално развиен карбонски аеродинамичен пакет, 21 инчни бандажи, целосно персоналните ентериер и други.