Ботас победи на драматичната трка во Австрија – Хамилтон казнет и остана без подиум

ОБЈАВЕНО НА:

Финецот Валтери Ботас го нанесе првиот удар во новата сезоната во Формула 1 освојувајќи го првото место на трката за ГН на Австрија, пред Шарл Леклер од Ferrari и Ландо Норис od McLaren. Светскиот првак Луис Хамилтон беше симнат од второто место што го освои на патеката по казната од пет секунди за контактот со Алекс Албон. На крајот заврши као четвртопласиран.

Дуото на Mercedes, Ботас и Хамилтон стигна во 1-2 победа и имаше предност во текот на трката и сите 71 круг. Но, на 10 круга до крајот трката доби на интензитет откако на Хамилтон му беше изречена казна откако го нервираше Албон при вртењето при повторното влегување на безбедносното возило во 61 круг.

Ferrari имаше тежок викенд, а донекаде тоа го спаси Шарл Лекрел кој стигна до второто место. Но, најголемата радост беше во боксот на McLaren чиј возач, Ландо Норис се искачи на подиумот. Тоа беше прв подиум за Mclaren по пауза од 2014 година.

Оваа трка беше кобна за повеќемина возачи, а некои од нив беа и споменувани како фаворити за висок пласман. Макс Ферстапен уште во 11 круг имаше проблеми со силата на моторот и мораше да се откаже. Сличен проблем имаше и неговиот клупски колега Алекс Албон на два круга пред крај на трката.

Резултати од трката за ГН на Австрија 2020

POSNODRIVERCARLAPSTIME/RETIREDPTS
177Valtteri BottasMERCEDES711:30:55.73925
216Charles LeclercFERRARI71+2.700s18
34Lando NorrisMCLAREN RENAULT71+5.491s16
444Lewis HamiltonMERCEDES71+5.689s12
555Carlos SainzMCLAREN RENAULT71+8.903s10
611Sergio PerezRACING POINT BWT MERCEDES71+15.092s8
710Pierre GaslyALPHATAURI HONDA71+16.682s6
831Esteban OconRENAULT71+17.456s4
999Antonio GiovinazziALFA ROMEO RACING FERRARI71+21.146s2
105Sebastian VettelFERRARI71+24.545s1
116Nicholas LatifiWILLIAMS MERCEDES71+31.650s0

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK