Босна и сѐ е можно: Се тркале со возила во „лер“ и добиле награда – гориво!

ОБЈАВЕНО НА:

Босанците отсекогаш биле оригинални со своите идеи, а овојпат покажале како да ја пробудат свеста на граѓаните во однос на високите цени на горивата. На еден паркинг во Бања Лука се организирала трка. Ништо необично, ама тоа била трка на возила што всушност биле буткани од сопствениците. Моторите не работеле туку автомобилите биле незапалени.

Според организаторите ова било начин да се борат против високите цени на горивата. Според нив Владата на секое семејство му одезма по околу 50 евра месечно само поради поскапувањето. Иако имало зголемување на платите од 15 евра сепак семејствата се во „минус“

Наградата за победникот на оваа необична трка било гориво. Победникот добил 30 литри, второпласираниот 15, а третиот само миризливи освежувачи за во возилата.

Во моментов цената на горивата во БиХ се 1,18 евра за литар безоловен и 1,18 за дизел гориво. Тоа е најевтино во регионот, но и покрај тоа Босанците сметаат дека ваквите цени влијаат на семејниот буџет.

Проверете ги цените на горивата во Европа на следниот линк.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK