Компанијата Bosch го нуди првиот целосно интегриран екран за мотоцикли од 10,25 инчи. Екранот TFT треба да овозмоќи истовремено прикажување на соодветна инфорамација и содржина на возилото, како што е навигација од апликации за смартфони, без да се одвлекува вниманието на возачот од сообраќајот. Тоа е функција, која ja сакаat осум од десет мотоциклисти, според репрезентативното истражување на Bosch спроведено на 2.600 мотоциклисти.
Со mySPIN содржината на апликацијата за смартфони автоматски се приспособува кон големината на дисплејот на мотоциклот. Благодарение на тоа екранот покажува важна информација како што се брзина или пораки за предупредување.
„Во комбинација со mySPIN, нашите дисплеј инструменти нудат уште повеќе безбедност и удобност при возење на мотоциклот. На тој нбачин ја издигаме мрежата за мотоцикли на следното ниво“, вели Џеф Лирш, раководител на велосипеди и моќни спортови во Bosch.
Новиот дисплеј ќе се користи првпат годинава кај мотоциклите на BMW. Возачот ја прима целата информација, поврзана со него, со еден поглед кон екранот. Корисникот одлучува каква содржина сака да види и може да работи со неа користејќи ги контролите на воланот.