Босанец не можеше да го дочека Tesla Cybertruck – си направи своја верзија (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Голем фан на камионите на Ford и на Tesla, не можеше да седи со скрстени раце чекајќи го произведувачот на електрични автомобили да го исфрли својот Cybertruck, кој се очекува на крајот од 2021 година. Место тоа, смисли своја верзија на автомобилот на иднината.

На ИТ експертите и инженери на компанијата на Игор Крезиќ, Stark Solutions им биле потребни осум месеци робусниот Ford Raptor F-150 да го расклопат на најмали делови, а потоа да го трансформираат во возило на погон на бензин, а истото наликува многу на Cybertruck.

Првото возење по улицините низ Мостар привлекло големо внимание, изјавува директорот на компанијата, Марио Чориќ.

https://www.instagram.com/p/CD4TMThphUP/

„Сите гледаат, а пола од нив мислеа дека сме направиле тенк бидејќи луѓето не знаат што е Cybertruck. Една девојка дури и запре и праша дали е ова место на кое се произведува Tesla “, изјави Чориќ.

Тој појасни како дошло до ситуација да се направи ова возило, кое можеби не е идентично на функционалниот прототип на Cybertruck, но камионетот го доловува неговиот дух.

https://www.instagram.com/p/CDuP0AvJqls/

„Сопственикот сакаше да комбинираме две спротивни страни, Ford и Cyber бидејќи е голем обожавател на Tesle и Forda, па затоа споивме две души во една. Овој користи бензин, а Tesla електрична енергија. Се обидовме да копираме што е повеќе можно,но нашиот автомобил не е со иста големина како Cybertruck“, додава Чориќ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK