Болидот на легендарниот Формула 1 возач, Ники Лауда кој почина минатиот месец во болница во Цирих ќе се најде на аукција. Како што соопштуваат од компанијата специјализирана за организација и реализација на аукции Gooding and Company, болидот Ferrari 312T ќе биде понуден на аукција во рамките на традиционалниот настан во Пибл Бич.
При тоа почетната цена за болидот со кој австриецот застана на тронот во 1975 година ќе биде понуден по почетна цена од неверојатни 8 милиони американски долари.
Овој болид како што наведува Дејвид Гудинг, е целосно реставриран, а располага со 3.0 литарски бензински мотор. Истиот е возен во најголем дел од трките во таа 1975 година, а австриецот токму со овој примерок настапи на трката за големата награда на Монако.