BMW осмисли одлична друштвена игра, погодна за карантинските денови. Насловена како “The Big BMW Race” оваа игра се игра со помош на коцка и минимум два ученика кои “возат” BMW автомобили низ тркачката патека.
Се започнува кога со помош на коцка се спроведуваат квалификациите за почетната позиција во играта. Оној со најголем број стартува од позицијата 1, па потоа следи оној со помал итн.
Редоследно потоа, секој фрла со коцката и минува онолку полиња колку што ќе “покаже” коцката. Доколку на некој играч му се падне шестка тој се наградува со повторно фрлање. Доколку застанате на некое нумерирано поле придружено со стрелки, тогаш по автоматизам одите онолку полиња напред/назад колку што е бројот на полето.
Доколку застанете на поле со часовник, тогаш треба да чекате едно фрлање. На патеката има и “Dirt Track” и “Pit Lane” тоа се дополнителни траки на кои може да одлучите дали ќе “возите” или не. Одлуката гласно ја кажувате во оној момент кога ќе застанете на црвените точки. И за крај, победник е оној кој по три круга прв ќе ја помине финиш линијата.
Во форма подготвена за печатење и играње, оваа друштвена игра можете да ја преземете од ТУКА.
П.С. Доколку не сте семеен човек тогаш оваа игра можете да ја играте со пријателите. На патеката нема контроли оттука пивото е задолжителна опрема.