Еден од најголемите германски производители BMW објави одлични финансиски перформанси потенцирајќи го растот од 11,5% на нето добивката.
Во третиот квартал годинава, BMW оствари профит од 1,55 милијарди евра што е пораст за 11,5% во споредба со истиот период минатата година.
Аналитичарите сметаат дека големо влијание врз овој одличен перформанс има подновената понуда како и зголемената продажба на спортски возила.
Сепак, на годишно ниво за оваа календарсска година не се очекува BMW да оствари голем профит пред се поради големите инввестиции што ги направи и ќе ги направи, а се однесуваат на развојот и производството на електрични автомобили.