Германскиот производител BMW ги објави официјалните продажни перформанси за периодот од април заклучно до јуни.
Сумирано, во вториот квартал годинава BMW оствари пад на продажбата за 25,3% во однос на истиот период минатата година продавајќи само 485.701 возило на глобалниот пазар. Најголем причинител за овој пад е кризата предизвикана од коронавирусот.
Очекувано, најголем пад е забележан во Европа од 45,6%. На овој пазар BMW испорача 151.869 возила. Значителен пад од 41,1% е забележан во САД каде се испорачани 70.311 возила, а по поминување на првиот бран на коронавирусот, во Азија следи стабилизирање на продажбата со зголемување на истата од 17,1%.
Она што дава надеж е продажбата на електрифицирани возила која забележува зголемување за 3,4%.