По минатогодишната премиера на купе и кабрио изведбата на серија 8, BMW годинава ќе ја претстави и GranCoupe изведбата.
Според соопштението на германскиот производител, премиерата ќе се одржи на 25 јуни на специјален настан во Минхен додека продажбата ќе стартува во септември годинава откако два месеци претходно ќе се започне со примање на нарачки.
Во понудата Gran Coupe ќе биде понуден со истите мотори како и останатите изведби. Тао значи дека овој автомобил ќе располага со 3.0 литарски шест цилиндиречн турбо дизел мотор кој развива 320 КС, а тука ќе биде и 4.4 литарскиот twin-turbo V8 бензински мотор со 530 КС кој е најмоќен во понудата. Со овој мотор до стотка, осмицата на BMW забрзува за само 3,9 секунди, а максималното ограничување на брзината изнесува 250 км/ч.
Цената засега останува непозната, а ќе биде откриена на денот на премиерата.