Компанијата BMW нема да ги продолжи договорите на 10.000 свои вработени, а тоа го изјави вработен во компанијата пред Reuters. Овој потег доаѓа во услови на обиди на германскиот производител на автомобили да се справи со кризата и намалените капацитети покрај кризата со коронавирусот.
Со седиште во Минхен, компанијата соопшти дека постигнала спогодба со советот на работниците за пакет од „кадровски мерки за одржлива иднина“, што ќе може да помогне за планираното намалување на вработените. Тој е дизајниран на начин, кој балансира меѓу идната конкурентност на компанијата, но и во интерес на вработенит.
„Се договоривме за ветувачки пакет мерки, кои ќе помогнат за подобрување на приходите на компанијата со краткорочен план, но истот така тие ќе го одржат капацитетот за иновации на долгорочен план“, вели Илка Хорстмајер, која е член на Управувачкиот совет на BMW AG и одговорна за човечки ресурси и работни односи во компанијата.
Мерките кои се во прашање се неколку. Намалување на работното време и обезбедување на дополнителен одмор од 6-8 недели место дополнителна исплата. На лицата на возраст пред пензија ќе им биде понудено да се пензионираат порано.