Германскиот производител BWM ќе ги прошири своите производствени капацитети во Европа со цел да одговори на очекуваната побарувачка во иднина.
Станува збор за капацитетите на производство на мотори, поточно електрични мотори кои ќе бидат наменети за идните електрични модели кои веќе се најавени од страна на BMW.
Оваа инвестиција ќе биде спроведена во фабриката во германскиот гранд Динголфинг во која уште од 2013 година се произведуваат електрични мотори за моделот i3. Инвестицијата се очекува во целост да заврши во 2022 година, а благодарение на неа, производителот од Баварија ќе има можност да произведува 500 илјади електрични мотори на годишно ниво.
Во однос на површината, од сегашните 8 илјади метри квадратни, со инвестицијата фабриката ќе биде зголемена на 80 илјади метри квадратни додека бројот на вработени ќе биде зголемен за 2 илјади.