BMW се префрла на струја и кај мотоциклите

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Баварија ја претстави својата визија за мотоциклите во иднина, според која не само автомобилите, туку и мотоциклите на BMW ќе се префрлат на струја.

Прототипот, кој беше покажан се нарекува Motorrad Vision DC. Од една страна ги задржува цртите на баварските мотоцикли, но од друга страна според зборови на претставници на брендот, дава совршено ново чувство на возење.

Од BMW уште не ги откриваат карактеристиките на Motorrad Vision DC. Познато е само дека батериите се интегрирани во рамки на мотоциклот.

За ладесње на батериите и на електромоторот се грижат моќни подвижни вентилатори, кои ја менуваат местоположбата во зависност од тоа дали мотоциклот е во движење или во место. Засега нема гаранции дека Motorrad Vision DC ќе биде пуштен во сериоско производство.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK