BMW се подготвува за премиера на „24 часа Ле Ман“

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW објави дека светската премиера на целосно новото лускузно спортско возило во понудата, 8 Series Coupe, ќе биде на 15 јуни за време на трката „24 часа Ле Ман“.

Од BMW велат дека работата на 8 Series Coupe била придружувана и од таа на тркачката верзија на автомобилот M8 GTE, со која „Баварците“ во лицето на BMW Motorsport ќе зазема односно стартна позиција на легендарниот натпревар, првпат после 2011 година.

Засега од BMW не ги соопштуваат другите детали за 8 Series Coupe, а коментираат само дека неговото управување и однесување на патот е развиено на база на искуство кое марката го има во автомобилските трки.

Од компанијата ги искористиле сите свои познавања и достигнувања во верзијата M850i xDrive Coupe, која доаѓа со нов V-образен, осумцилиндричен мотор, интелигентен систем за движење и управување на четирите тркала и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK