BMW сака да ги купи Jaguar и Land Rover?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија е исправена пред голем предизвик. Елекрификацијата, новите WLTP стандарди и Брекзит во моментов се главните три фактори кои го моделираат бизнис работењето во автомобислката индустрија.

Од почетокот на годината постојано се зборува за некои спојувања. Најпрво FCA испрати предлог понуда до Renault, потоа се шпекулираше за евентуално спојување на Ford и Volkswagen, а сега на големо се зборува и за евентуална аквизација на Jaguar и Land Rover од страна на BMW.

Нестабилното политичко окружување во Велика Британија најмногу влијае врз JLR, најголемиот британски производител на автомобили. Поради тоа оваа компанија ги намали вработените во своите фабрики ширум Британија, а ја отвори и новата во Словачка каде веќе се произведуваат модели од брендовите на Jaguar и Land Rover.

Сето ова проследено со недостатокот на финансиски средства и слабата продажба е причината зошто оваа компанија во наредниот период би можела да се продаде, а реализацијата на експанзијата и зголемувањето на пазарниот удел на одредени географски региони е причината зошто BMW е фаворит број еден за купување на оваа компанија.

Некои аналитичари веќе наголемо шпекулираат и со условите под кои ќе биде купена оваа компанија, но засега се е на ниво на шпекулација.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK