BMW размислува: Има ли потреба од клучеви?

ОБЈАВЕНО НА:

BMW ја разгледува потребата од клучеви за автомобили, изјави Иан Робертсон, член на одборот на компанијата задолжен за продажба. Бидејќи повеќето корисници сега носат паметни телефони кои можат да користат BMW апликациja kоја им овозможува да ги отклучат своите возила, старомодните клучеви станаа помалку релевантни.

“Искрено, на колку луѓе навистина им требаат клучеви?, праша Робертсон во интервју на саемот во Франкфурт, објаснувајќи дека корисниците повеќе не морале да го стават клучот во палењето за да го започнат автомобилот.

“Тие никогаш не го вадат телефонот од џебот, па зошто ми треба да носам клучеви?”, изјавил Робертсон, додавајќи дека компанијата бара целосно да се ослободи од клучевите.

“Ние гледаме дали тоа е изводливо и дали можеме да го направиме тоа”, рече Робертсон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK