BMW пред казна од 1 милијарда евра!

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилските производители ретко ги казнуваат, но ако тоа се случи тие казни се драконски. Не се простуваат грешките. Сега на тапет кај Европската комисија се најде германски BMW. Европската комисија може да го казни BMW со една милијарда евра ако докаже дека компанијата е во картелско однесување со други германски производители на автомобили.

Поконкретно, BMW во тајност преговарал со Volkswagen и Daimler за да го ограничи развојот на поеколошките автомобили. Обвинуваата против BMW, Daimler и Volkswagen беа покренати во септември минатата година.

Ништо не е докажано, но BMW смета дека ќе им биде изречена огромна финансиска казна од една милијарда евра. Daimler се надева на поблага казна и ќе избегне финансиска санкција.

Менаџментот на Mercedes – Benz верува дека ќе се извлече од санкцијата затоа што компанијата ја известила Европската комисија за самиот картел, а групата Volkswagen смета дека ќе бидат казнети со минимална парична казна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK