сабота, 26 март, 2026 година

BMW повлекува стотици илјади возила поради ризик од пожар

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германскиот автомобилски гигант BMW започна масовен повик за сервис поради дефект кој би можел да предизвика пожар во екстремни случаи. Проблемот се однесува на стартерот, кој кај одредени модели може да претрпи корозија и да предизвика краток спој.

Според информациите, погодени се повеќе модели произведени помеѓу септември 2015 и септември 2021 година.

- Advertisement -

Иако BMW не откри точен глобален број, познато е дека 136.500 возила во Германија и околу 195.000 во САД се дел од повлекувањето. Вкупната бројка е веројатно значително поголема, бидејќи кампањата ги опфаќа и азиските и останатите европски пазари, пренесува агенцијата DPA.

BMW објаснува дека вода може да навлезе во стартерот, што доведува до корозија и можна нефункционалност на моторот. Во одредени случаи може да се случи краток спој и прегревање на стартерот, што во најлош сценарио може да предизвика пожар – дури и кога автомобилот е паркиран.

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот (NHTSA) ги советува сопствениците на погодените возила да ги паркираат на отворено, подалеку од згради, сè додека дефектот не биде отстранет.

BMW сè уште нема соопштено колку ќе ја чини оваа акција за компанијата, но дефектот се смета за сериозен и сервисните активности веќе започнаа во дилерските мрежи ширум светот.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја