BMW почна со производство на ново 4 Series Coupe (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW објави дека фабриката во Динголфинг почнало производство на новата генерација 4 Series Coupe. Во исто време, фабриката го почна склопувањето на обновеното BMW 5 Series, вклучително и M5 и 5 Series Touring, како и 6 Series Gran Turismo.

Новото 4 Series Coupe се одликува со специјално дизајнираната лесна конструкција, од кои некои компоненти, какошто се предната хауба, страничните панели и врати се направени од алуминиум.

Топ предлогот во модификациската понуда на BMW 4 Series Coupe е верзијата M440i xDrive Coupe, која е опремена со шестцилиндарски, резидентен бензински мотор со максимална моќност од 374 коњски сили. Оваа варијанта на купето е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 4,5 секунди.

Во понудата на новото BMW 4 Series Coupe исто така се вклучени и две четирицилиндарски бензинови модификации и четирицилиндарски дизел мотор, а од март во 2021 година ќе бидат додадени идве шестцилиндарски дизел предлози.

Новото BMW 4 Series Coupe ќе биде лансирано на пазарот во октомври, со основна цена од 45.800 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK