Од BMW Group објавија дека компанијата го отвара почетокот на најголемиот систем на дистанца (over-the-air) за надградба на борд системите на повеќе од 750.000 возила, кои во моментов се во употреба.
Покрај тоа од BMW Group коментираат, дека технолошката иницијатива не е само уникатна во однос на димензиите на компанијата, туку и за европската индустрија како целина.
После завршувањето на програмата за наградба на борд системот на автомобилот, која почнува со бесплатна инсталација во Германија од 19 октомври, а сопственикот ќе може да смета на редица на раширени и целосно нови функционалност, вклучувајќи и BMW Maps, Google Android Auto (нова функциналност со целосна интеграција) eDrive Zones (целосно нова функционалност) и виртуелниот борд асистент BMW Intelligent Personal Assistant.
Веднаш по стартувањето на лансирањето во Германија, програмата за надгардба ќе биде воведена и во другите земји во Европа како САД, Канада, Кина и други меѓународни пазари.