BMW направи „летечки килим“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW Group објави дека е создадено ново решение за микро-мобилност на своите корисници.

Се работи за PMC (Personal Mover Concept), а истото ќе биде лансирано во комплексите на автомобилскиот гигант низ целиот свет како персонално превозно средство кое ќе може да биде користено како во затворен простор, така и на отворено и ќе може да превезува различен вид на товар.

Причината за појавата на ова нестандардно превозно и транспортно средство се податоците од проучувањето на BMW Group, според кои некои нејзини корисници во текот на денот минуваат по 12 километри, а во исто време пренесуваат и пакети или работни материјали.

PMC, тежи 20 килограми и е во состојба да понуди автономност од 20 до 30 километри, што е потполно доволно за покривање на една работна смена.

https://youtu.be/gIh1p1FpBRs

Максималната брзина на движење ќе биде до 25 км/ч, а при употреба во комплексите на BMW Group ќе биде ограничена на 12 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK