BMW и McLaren заеднички развиваат мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Германски BMW и McLaren Automotive, што е дел од McLaren Technology Group објавија дека тргнуваат во стратешки проект, дизaјнирање на нова технологија, за новата генерација на погонски системи.

Проектот вклучува развој на нова технологија на согорување што ќе овозможи поголема специфична сила отколку што тоа сега е можно. Целта е намалување на потрошувачката на гориво и на емисијата на ЦО2, а новата технологија ќе се користи во идните мотори на McLaren.

BMW и McLaren имаа и досега успешна соработка, а најпозната е соработката околу McLaren F1 GTR, легенраниот суперавтомобил што во 1992 година развиваше брзина од 387 км/ч. Имале мала маса, добра аеродинамика и одличен BMW V12 мотор со зафатнина од 6064 см3 и сила од 627 КС. Токму овој автомобил на McLaren ја освои трката „24 часа Леман“ уште во првиот обид.

Проектот за развој на новиот мотор е финансиран од британската влада, бидејќи ќе помогне во развој на британските капацитети во производство на мотори со внатрешно согорување што имаат ниска емисија на ЦО2.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK