BMW, Mazda, Subaru и Toyota ќе платат 553 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Последиците од проблемите со воздушните перничиња на Takata и повикот во сервис на сопствениците на возила продолжува, и BMW, Mazda, Subaru и Toyota постигнаа договор вреден 553 милиони долари со владата на САД.

Четирите авто производители се првите што постигнаа договор за оспособување на возилата, и сумата ќе се користи за поправање на проблематичните возила. Дополнителни договарања се можни и во иднина и компаниите потенцираат дека проблемите со воздушните перничиња на Takata е најголемиот во историјата и опфаќа повеќе од 42 милиони возила во САД и 19 автомобилски бендови.

Според програмата автомобилските производители ќе најдат начин да ги заменат спорните делови, а компаниите исто така ќе треба да им понудат и рент а кар возила на оние што тоа ќе го побараат, а нема да може да им се најде резервен дел во рок од 30 денови.

Исто така автомобилските производители ќе треба да направат и одредено обештетување, но истото треба да биде разумно и доставено навреме од сопствениците. Исто така сите административни трошоци треба да бидат покриени од компаниите.

Сепак сѐ треба да биде одобрено од срана на судот во САД, секако веќе е постигнат договор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK