BMW M850i ќе биде со дури 523 коњски сили

ОБЈАВЕНО НА:

Иако уште не е подготвен да ја покаже втората генерација на 8-Series во целост, BMW почна да открива дел од официјалните податоци околу спортското купе. По последната информација од баварците, верзијата М850i xDrive, која ќе се позиционира точно под името М8, ќе има нов V8 мотор.

Од компанијата го имаа значајно преработено 4.4-литарскиот мотор и како резултат на тоа добиле дополнителни 67 коњски сили и 100 Hм при вртежниот момент. Највисоките вредности на возилото ќе достигнат до 523 коњски сили 750 Нм, со оглед на тоа што моторот не е потежок во однос на претходната генерација.

Силата ќе се пренесува од V8 моторот до сите четири тркала со помош на 8-степен автоматски менувач и xDrive система за двојно придвижување.

8-Series Coupe ќе се најде во продажба до крајот на годината, а во овој период би требало да биде виден и апсолутниот предводник М8.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK