BMW M2 со деби во Лос Анџелес

ОБЈАВЕНО НА:

Долгоочекуваниот BMW M2 CS ќе ја има својата премиера на саемот во Лос Анџелес, во ноември годинава, тврдат повеќето светски медиуми. Според пишувањата, германскиот производител веќе работи на тестирањето на овој модел, а сите работи влегуваат во завршна фаза.

BMW M2 CS ќе располага со S55 twin-turbo мотор, кој ќе продуцира 444 КС. Ист ваков мотор има и кај M2, M3 и M4, но тие модели имаат за малку помала коњажа.

До 100 км/ч овој модел ќе забрзува за околу четири секунди, а засега е непознато колку ќе може максимално да “крене”.

Она што е сигурно е тоа дека овој модел ќе биде произведен во се на се 2.200 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK