Во најновото видео на AutoTopNL објавено на нивниот YouTube канал, централно место зазема автомобилот BMW M140i.
Станува збор за автомобил опремен со 3,0 литарски бензински мотор со над 500 КС и осум степен автоматски менувач.
Во видеото холандската екипа го вози овој автомобил на германски автопат без ограничување на брзината, а највисоката брзина која ја постигнува изнесува 292 км/ч.
Видеото можете да го погледнете во продолжение.