BMW краде кај Skoda: Главен дизајнер ќе биде Јосеф Кабан

ОБЈАВЕНО НА:

Германците ќе го пополнат местото на главен во одделот за дизајн со ангажирањето на 44 годишниот Словак Јозеф Кабан, од Skoda.

Кабан беше еден од клучните играчи во Volkswagen групацијата во одделот за дизајн. Првото сериозно појавување му беше кога го дизјанираше Bugatti Veyron, и тоа во рана младост само што наполни 20-тина години. Veyron е возило вредно 1 милион евра што беше направен во време кога главен во VW беше Фердинанд Пих.

Со 35 години Кабан беше поставен за главен на дизајн во Skoda, a потоа следеше ново унапредување, во 2008 година. Тогаш замина во сестринската компанија Audi, каде беше главен за надворешниот дизајн. Новиот член на BMW ќе ја преземе должноста во втората половина од годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK