Вестите кои доаѓаат од Германија не се баш поволни за унгарската економија – BMW ја стопираше инвестицијата во Унгарија.
Како што изјави финансискиот директор на баварскиот производител за Ројтерс, причината за оваа одлука лежи во кризата предизвикана од коронавирусот и неопходноста од финансиски средства за одржување на ликвидноста во овие тешки времиња.
“Во согласност со актуелната ситуација ние ќе одложиме бројни проекти како што е изградбата на фабриката во Унгарија” изјави Николас Питер за Ројтерс додавајќи дека компанијата ги анализирала сите проекти кои се почнати и кои треба да бидат почнати во наредниот период.
Инаку германскиот производител минатата година ја соопшти одлуката за изградба на фабрика во Унгарија вредна над милијарда евра. Изградбата требаше да започне оваа пролет, но сега не е познато кога ќе започне.