BMW ја шири гамата на големите и луксузни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Произведувачот на автомобили од Баварија одлучи да го зголеми производството на гамата луксузни автомобили, а ова беше потврдено од страна на шефот за продажба и маркетинг, Јан Робертсон.
Тој објасни дека поголемите и луксусни автомобили носат поголем профит, а парите и се потребни на компанијата за да ја финансира својата долгорочна стратегија за електрифицирање.

Доказ за ова го направи и доаѓањето на BMW Serijа 8 и моделот X7. Со овие модели BMW ќе ја крене летвичката на луксузот, но и маргините на профитот. Овие два модели ќе се појават на пазарот во следните неколку години, но тука нема да биде крајот бидејќи ќе продолжи развојот.

Робертстон вели дека компанијата веќе ги регистрираше имињата од iX1 до iX9 како и X1 до X9. Затоа е јасно дека Баварците ќе понудат голем избор на СУВ возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK