На северот на Шведска во моментов се тестираат неколку нови прототип возила на BMW X3 со цел да се види нивната издржливост на ниски температури и лизгава површина.
Овие тестирања се прават во околината на малиот град Арјеплог, на 56 км. јужно од поларниот круг каде температурата често се спушта под 20 степени под нулата, па сите езера во околината се замрзнати.
Ова е одлична можност за испробување на многу системи како што се xDrive All whell drive system, суспензијата, управувањето во вакви екстремни услови. Според BMW замрзнатите езера и многуте привремени патишта што се создаваат се исто така одлични за дотерување на помошните системи на возачите како Dynamic Stability Control или Dynamic Traction Control.
Нормално е што возилото е добро закамуфлирано, па неможе да се видат деталите на надворешниот изглед, иако некои поголеми делови се забележливи.
Возилото е направено на CLAR архитектурата, и новиот X3 нема само да биде околу 100 кг. полесен туку ќе биде опремен и со новиот плаг-ин хибриден систем.
Во однос на погонските агрегати се очекува Х3 да има и М верзија, исто како и неговите претходници. Моделот треба да дојде во понудата до крајот на годинава и се очекува да биде прикажан на саемот во Франкфурт во септември.