BMW ја изгуби доминацијата во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата од коронавирусот од една страна и се поголемото вложување на производителите на автомобили во електрични автомобили, придонесе за големи промени на германскиот пазар.

Имено, во 2020 година BMW ја изгуби лидерската позиција во поглед на продажбата на електрични возила, примат кој претходно го презема од Renault.

Според официјалните податоци објавени од страна на германска KBA, во Германија во 2020 година во споредба со претходната забележан е пораст на продажбата на електрични возила од 206%, со што е остварен пазарен удел од 13,5%, на чисто електричните возила.

При тоа најмногу електрични возила испорача Volkswagen, а сега BMW падна на четвртата позиција, зад Audi на втората односно Mercedes на третата позиција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK