BMW исфрла неколку модели од својата понуда

ОБЈАВЕНО НА:

Кога од BMW објавија дека престануваат со производство на моделот од серијата 3 Gran Turismo, главно беше прашањето за тоа зарем уште овој модел се произведува. На тој начин немаше многу драма околу „гаснењето“ на овој автомобил. Сепак, најновиот извештај вели дека следни жртви на рационализацијата на понудата би можеле да бидат модели кои се доста поценети.

Има тврдења дека Баварците би можеле од својата понуда да елиминираат неколку кабриолети вклучувајќи ги и оние од серија 2, серија 8 и неодамна лансираниот Z4. Тие модели нема да исчезнат преку ноќ туку едноставно нема да добијат наследник кога ќе заврши животниот век на актуелната генерација.

Понатаму, „бирократската секира“ би можеле да ја почувствува и Серија 8 Coupe, додека Серија 8 Gran Coupe ќе продолжи и во следната генерација. Исто така истата судбина би можела да ја доживее и верзијата со стандардно растојание меѓу оските со оглед на тоа што поголемиот дел од продажбата ја сочинува верзијата со продолжено растојание меѓу оските.

Ова важи и за Х2 кој чувствително заостанува во продажбата зад моделот Х1. Причините за сето ова се рационализацијата на работењето, вложувањето во нови производи кои ќе остварат подобро враќање на вложеото и слично.

Од друга страна BMW ќе и понуди дополнителни нови модели за кои се верува дека ќе остварат подобри продажни резултати. Еден од нив е и големиот Х8, кој нема да биде само coupe верзија на моделот Х7.

Овој голем спортски crossover наводно ќе биде достапен само во M Performance и M верзиите, а ќе го придвиѓува хибридниот погонски склоп со батерии со капацитет од 60 kWh што гарантира и значајна електрична автономија.

Исто така понудата ќе биде проширена и со нови I-модели, како што се iX3, i4 и iNext.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK