BMW i3: Брои до 200.000 и продолжува понатаму (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата BMW обавија дека речиси седум години од лансирањето на пазарот на електромобилот i3, производството на компактниот модел во фабриката на BMW Group во Лајпциг ја достигна границата од 200.000 единици. Јубилејниот претставник на автомобилот, кој е иработен во боја Fluid Black и i Blue акценти, е дизајниран за клиент од Саксонија.

Сите претставници на електромобилот BMW i3 со неговите 170 коњски сили и i3 со 184 коњски сили се проиведуваат во Лајпциг на одделна производствена линија од специјално обучени лица.

При појавата на пазарот, компактниот модел стана првиот целосно електричен автомобил на BMW Group, како и првиот во кој е интегриран карбон-основен дизајн.

BMW i3

Погонскиот систем на BMW i3 претрпе сериозен развој низ годините, а еден од најважните моменти беше интегрирањето на батеријата со речиси двојно поголем капацитет – 42.2 kWh, без да се изменат нејините димензии, а слободниот опсег достигна меѓу 285 и 310 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK