BMW и Mercedes го запираат заедничкиот развој на системи за автономно управување

ОБЈАВЕНО НА:

Од Mercedes-Benz AG објавија дека заедничката дејност на компанијата со BMW Group во областа на развој на технолошки решенија за автономно управување од новата генерација се поставува во „позиција на исчекување“.

Од Mercedes-Benz AG објавија дека после спроведеното оценување, двете страни успеле да стигнат до договор да се концентрираат поединечно на соопствени и постојни решенија, со познати или нови партнери.

И двете страни велат дека заедничката работа може да биде обновена, но во подоцнежна етапа.

Соработката во областа на развојот на нова генерација системи за автономно управување на BMW и Mercedes-Benz беше најавена во текот на летото минатата година и предвидуваше пазарно воведување во 2024 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK