Трговската војна помеѓу САД и Кина која започна летово претставува значителен удар за автомобилската индустирја. Како резултат на иницијално воведените додатни царини од страна на САД, Кина одговори со против царини со што се отежна меѓусебната трговија.
Така увозот и извозот од овие земји стана доста скапа операција за автопроизводителите, а цената за царините која ја плаќаат на крајот потрошувачите ги прави увезените т.е. извезените автомобили доста неконкурентни на локалните пазари.
BMW е еден од првите производители кој се реши да преземе значителни чекори со цел да ја намали штетата.Така, во целост BMW го прекинува извозот од САД во Кина на моделот X5 и истовремено објави дека ќе ги зголеми производствените капацитети на фабриката во Тајланд.
Според пишувањата, BMW веќе полека го зголемува капацитетот, а целта е да се достигне производство од 20 илјади возила од моделот X5 со цел да се задоволат потребите на пазарот во Кина.
Дека преку Тајланд ќе се избегнуваат царините потврди и извршниот директор на компанијата Харалд Кругер кој изјави дека токму Тајланд е една од операциите за намалување а штетните ефекти од воведените царини. Истовремено, од производителот најавија дека заедно со Brilliance Automotive Group од Кина, ќе ги прошират производствените во Кина со цел да одговорат на трендот на зголемување на побарувачката во оваа земја.