Кратенката СSL(Соupе Spоrt Lеiсhtbаu), последен пат се користеше пред 18 години, кога од BMW беше пуштено легендарното Е46 M3 СSL. Oд нeгo се произведени едвај околу 1.400 примероци, а како што може да се предвиди цените и побарувачката на моделот остануваат високи дури и денес.
Полесното и помоќно купе се одликува со неколку елементи во изгледот, кои лесно можат да останат незабележани од луѓе кои се незаинтересирани за автомобили. И покрај тоа фановите на брендот го ценат многу моделот.
Во 2015 година, Баварците го претставија M4 GTS, кој исто така се одликуваше со пониска тежина и го подобруваше однесувањето на патеката, но не користеше класично именување СSL. Три години подоцна од брендот одлучија дека GTS немад а се користи повеќе и ќе го вратат CSL на задната хауба на нови модели.
Тоа може да се случи уште во 2022 година со лимитираната верија на сегашните генерации M3 и M4, според внатрешна информација од BMW. Корисник од порталот Bimmеrpоst, тврди дека проиводството на ограничените M3 СSL и M4 СSL ќе почне кон средината на 2022 година,а голема е веројатноста бројките да бидат ограничени до околу 1000 за секој модел.