понеделник, 25 декември, 2025 година

BMW го стартува производството на новото M3 во Минхен (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Од компанијата BMW соопштија дека 35 години после дебито на оригиналното М3 неделава во фабриката на компанијата во Минхен беше стартувано производството на новата генерција на суперспортскиот автомобил.

„Многу сме задоволни што го произведуваме новото BMW M3 во нашата фабрика. Тоа е толку иконски автомобил и има многу фанови, вклучувајќи ме и мене, во нашиот тим во фабриката“, вели директорот на комплексот во Минхен, Роберт Енгелхорн.

- Advertisement -

После претставувањето на новото М3, објектот на BMW во Минхен ги собира сите верзии на новата серија 3, вклучувајќи ги и одделите на седан и караван во бензински, дизел и plug-ing хибридни верзии на погонот, со производство на една линија.

Новите BMW M3 и M4 ќе бидат воведени на пазарот во март следната година, а ќе бидат опремени со шестцилиндричен M TwinPower Turbo мотор, можност за избор меѓу роботизиран 8-степен M Steptronic менувач и шестстепен рачен менувач, пилотски во историскиот план интелигентен М xDrive систем за погон на четирите тркала и друго.

BMW M3 и M4 ќе се нуди во две верзии на моќност од 480 и 510 коњски сили во специјалните верзии Competition. Во „стандардната“ верија, автомобилите ветуваат можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,2 секунди, од 0 до 200 км/ч за 13,7 секунди, додека кај Competition модификациите се со соодветни параметри со 3,9 и 12,5 секунди.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја